Нискобуџетските авиокомпании кои оперираат во земјава и следните години ќе добиваат субвенции од Македонија за да отвораат нови линии и да нудат пониски цени на авиобилетите. Иако Европската комисија не гледа баш благонаклоно кон овој тип државно финансирање на нискобуџетските авиокомпании, Владата планира да го објави новиот јавен повик за субвенционирање на почетокот од следната година. Тогаш и ќе се знае сумата што ќе се издвои за оваа намена. Ова ќе биде втор јавен повик за субвенционирање во авиосекторот откако во 2012 година ја почна оваа практика издвојувајќи 5,1 милиони евра за финансиска поддршка на авиокомпании во период од три години. Тогаш на јавен повик беше избрана нискобуџетската компанија „Визер“, која изминатите три години понуди десетина нови линии од Скопје и ниски цени на авиобилетите.
Нискобуџетските авиокомпании кои оперираат во земјава и следните години ќе добиваат субвенции од Македонија за да отвораат нови линии и да нудат пониски цени на авиобилетите. Иако Европската комисија не гледа баш благонаклоно кон овој тип државно финансирање на нискобуџетските авиокомпании, Владата планира да го објави новиот јавен повик за субвенционирање на почетокот од следната година. Тогаш и ќе се знае сумата што ќе се издвои за оваа намена.
Ова ќе биде втор јавен повик за субвенционирање во авиосекторот откако во 2012 година ја почна оваа практика издвојувајќи 5,1 милиони евра за финансиска поддршка на авиокомпании во период од три години. Тогаш на јавен повик беше избрана нискобуџетската компанија „Визер“, која изминатите три години понуди десетина нови линии од Скопје и ниски цени на авиобилетите.
Засега с` уште не се знае колкави ќе бидат субвенциите за следниот период.
- Стимулирањето влез на нискотарифните авиопревозници во македонскиот воздушен простор изминатиот период се покажа како успешен проект, при што во првите 9 месеци од годинава, споредено со истиот период лани, имаме раст од 21 процент на бројот на патници. Токму затоа овој проект ќе има свое продолжение - изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во интервју за државната агенција МИА.
ЕK во последниот извештај за напредокот на Македонија, во делот каде што зборува за авиосообраќајот, изразува загриженост поради воспоставената практика на субвенционирање. Во извештајот се наведува дека државната финансиска помош за авиопревозниците може да биде пречка за реализација на договорот со земјите од Западен Балкан за воспоставување европска заедничка област. Сепак, освен Владата, и концесионерот на двата македонски аеродрома, турската компанија ТАВ смета дека субвенционирањето дава позитивни резултати.
- Нашата цел како компанија што оперира со македонските аеродроми е тие да станат што е можно попривлечни од бизнис-аспект за авиокомпаниите. Со таа намера ТАВ блиску соработува со релевантните институции и заинтересираните страни. Растот на бројот на патници, заедно со одлуката на компании како „Визер“ да го користат Скопје како своја база, се одлична потврда дека нашите чекори носат мошне позитивни резултати - велат од „ТАВ Македонија“.
Национален авиопревозник само ако е исплатливо
Владата месецов треба да ја почне постапката за избор на консултант, чија студија ќе покаже дали на земјава ~ е исплатливо да има национален авиопревозник.
- Студијата треба да резултира со изработена документација, која јасно ќе покаже дали можноста е исплатлива и остварлива и каде ќе се дефинираат условите за формирање, односно воспоставување национален авиопревозник во Македонија. Дали ќе има национален авиопревозник или не зависи од тоа дали евентуалните понуди што ќе ги добиеме од компаниите по објавениот јавен повик ќе бидат прифатливи за Владата - вели Јанакиески во интервјуто за МИА.